Нова елегантна колекција на Викторија Бекам само за дами

Кармин

18/07/2018

19:42

2.082

Големина на фонт

а а а

Оваа година Викторија Бекам прославува десет години од постоењето на својата истоимена луксузна модна куќа. За својата колекција Resort 2019 таа ни претставува чиста палета на исполнети гломазни парчиња и елегантни кожни аксесоари.

Овој интригантно женствен сезонски асортиман содржи одважни дезени и богати тонови како црвената и розовата боја. 

Помеѓу бројните претставени изгледи, посебно се издвојуваат горните делови споени со убаво исечените блејзери и накит во златни тонови. Еден "аутфит" кој доби освежено издание е црниот фустан, кој сега е комбиниран со чизми во впечатлива црвена боја.


Исто така, розовата кошула со крагна во комбинација на здолниште во сличен стил го привлекува нашето внимание. Сепак, мора да признаеме дека најважниот дел од оваа колекција е способноста на Бекам својот личен стил да го прикаже на секое парче облека кое го нуди. Тоа е очигледно и во овие минималистички и совпаднати предлози.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk