Жирито и публиката на талент шоуто "America's Got Talent" преживеаа страшен момент кога на сцената се изведуваше настап од страна на двајца натпреварувачи на трапез, кога жената буквално падна на бината.
Имено, трапезистот Тајси случајно ја испушти својата сопруга Мери додека виселе на трапезот, а потоа таа паднала на сцената. Додека му се лизна од рака, Тајси се обиде да ја фати за стапалото, но не успеа.
Членовите на жирито и публиката останаа во шок и се фатиле за глава, а некои дури и скокнале од своите места. Во публиката беа присутни и мајката на Мери и нивниот 2 годишен син кои почнале да врескаат од страв.
Но, за среќа, не дојде до поголема несреќа, бидејќи како што изгледа Мери падна на сунѓер кој беше поставен под нив и веднаш стана и покажа дека таа е добро. Тие подоцна се бакнале.
"Речиси го скрши вратот", рекол Сајмон Кауел, кој беше во шок од она што го видел.
Инаку нивната приказна ги разнежни и жирито и публиката, бидејќи Тајси е слеп на десното око, поради прогресивна болест на очите, но тоа не го спречи да продолжи да се занимава со танц на трапез.