Овој зеленчук е крал на детоксот, со него Вашиот црн дроб ќе работи како часовник

Кармин

18/07/2018

16:09

3.412

Големина на фонт

а а а

Прочистувањето на организмот е препорачливо и пожелно без разлика на годините, а сега максимално користете ја зелената разновидност на пазарот. Доколку на листата ја додадете оваа намирница ќе имате максимален ефект и Вашиот црн дроб ќе Ви биде многу благодарен. Станува збор за кељ, кој е најдобар сојузник во детокс програмата.

Детоксикацијата е потребна за да се елиминираат токсините од телото. А, централниот орган кој е задолжен за максимална детоксикација на организмот е црниот дроб, па поради тоа е најважно со исхраната да ја нормализирате неговата работа. 


Покрај правилната, лесната исхрана богата со овошје и зеленчук, работата на црниот дроб ќе го подобрите внесувањето на горките намирници, рукола, брокули, зелка и целиот зелен зеленчук. А, најмногу од сè ефект ќе има консумирањето на кељ.


Кељот содржи високо ниво на сулфур, кој го поддржува чистењето на црниот дроб и помогнува во отстранување на слободните радикали и отрови.

Поради тоа пожелно е за време на интензивната детоксикација да внесувате што повеќе зеленчук, а најдобро е тоа да биде во вид на смути.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk