BMW X2 M35i ги покажа мускулите на „Зелениот пекол“

Точка

18/07/2018

16:47

1.660

Големина на фонт

а а а

Баварскиот производител е при крај со тестирањето на најмоќниот Х2, а последните тестови се вршат на патеката на која што сите големи производители тестираат пред официјалните претставувања.

Предпродукцискиот BMW X2 M35i е „фатен“ на Нирбургринг речиси без никаква „камуфлажа“, а единствено остануваат сокриени деталите од отворите за воздух на предниот браник кои што очигледно ќе бидат редизајнирани за најмоќната верзија.

Под хаубата на овој модел најверојатно се наоѓа 2.0 TwinPower Turbo со 300 коњски сили, а само за споредба, моментално најмоќната верзија на Х2 е xDrive28i со 228 коњски сили и 350 Nm максимален обртен момент.

BMW X2 M35i од 0 до 100 километри на час ќе забрзува за околу 5 секунди, додека максималната брзина ќе изнесува околу 250 километри на час.

Премиерата би требало да се одржи до крајот на годината, а прва прилика за тоа ќе биде Саемот за автомобили во Париз во октомври.



Спонзорирани линкови

Маркетинг