Старлетата позираше со момчето за насловна страна на GQ и се подигна бура, илјадници сметаат дека Кајли е понижена, а Вие?

Кармин

18/07/2018

14:46

4.256

Големина на фонт

а а а

Кајли Џенер и Травис Скот се најдоа на насловната страница на магазинот GQ, но тоа е далеку од обична насловна страна. Погледнете ги добро овие фотографии и размислете дали гледате некои спорни детали?

GQ за насловната страна ги одбра Кајли Џенер и Травис Скот како "најмоќниот пар во бизнисот". Неодамна, Кајли беше прогласена за најмладата милијардерка на светот, но многумина за жал не гледаат никаква моќ на овие фотографии, ниту пак логичност помеѓу финансискиот статус на Кајли и нејзиниот имиџ. 

Низ коментари тоа изгледа вака: "Не, благодарам", "GQ ѓубре", "Ниту фотографијата не е добра", "Престанете од глупавите луѓе да правите ѕвезди".

Суштината на големиот број на критики се сведуваше на тоа дека Травис не се однесува ниту малку џентлменски кон вереницата и мајката на неговото дете.

Исто така, им се замерува и на GQ што Кајли на овој начин со оглед на тоа дека е милијардерка.

Критичарите како да забораваат дека голотијата на Кајли допринесе за нејзиното богатство. Кога малку подобро ќе размислите, ќе сфатите дека овие фотографии се најдобар приказ за нејзината популарност и најдоброто продолжение после текстот во "Time".


Многумина сметаат дека Кајли изгледа фотошопирано од глава до пети, особено нејзиниот задник.


За таквиот имиџ се виновни продуцентите, креаторите на оваа сага за семејството Кардашијан-Џенер и нивната мајка Крис Џенер која го "благослови" ова.

Тоа секако не ги оправдува навредите и сексистичките коментари кои се предизвикани од поголемиот број на нејзините голи фотографии. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk