Дувло на џихадисти во нашето соседство: Продолжуваат апсењата и затворањето на припадниците на ИСИС на Косово

Точка

18/07/2018

10:34

2.845

Големина на фонт

а а а

Се проценува дека околу 300 државјани на Косово им се приклучиле на џихадистите во Сирија Ирак според податоците на косовското министерство за внатрешни работи.

Како што е познато, од просторот на Балканот, претежно од БиХ и Косово, но и од Македонија, голем број на радикални муслимани заминаа за Ирак и Сирија каде што се бореа на страната на најозлогласената терористичка организација на сите времиња – Исламската држава.

Од околу 300-те косовски државјани – радикални муслимани кои што заминале во Ирак и Сирија, околу 50-тина загинале во борбите, а 120 од нив се вратиле во земјата, од кои околу 90-тина биле уапсени од косовската полиција.


Косовското правосудство во текот на вчерашниот ден со затворски казни од 2 до 4 години осуди шестмина државјани на Косово затоа што се бореле во редовите на џихадистичките групи во Сирија.

Сите шестмина косовски Албанци биле прогласени за виновни поради активност во терористичка група, прецизираше судијката Сузана Черкини. Седмиот член на групата бил осуден со условна казна на 8 месеци поради илегално поседување на оружје.


Еден од адвокатите на одбраната, Бесим Сулејмани, ја отфрлил пресудата тврдејќи дека обвинението е неосновано. Тој за „Франс Прес“ изјавил дека не постои никаков доказ дека обвинетите учествувале во борбените дејствија во Сирија.

Со оглед на радикализирањето на муслиманите на Косово и големиот одзив на повикот на џихадистите на Исламската држава, косовските власти во 2015-та година донесоа посебен закон кој што предвидува казни до 15 години затвор за косовските државјани кои што заминуваат во странски земји да се борат на страната на терористичките организации.



Спонзорирани линкови

Маркетинг