Како би можел да изгледа „малиот SUV“ на Масерати?

Точка

17/07/2018

17:51

2.504

Големина на фонт

а а а

Директорот на “FCA” групацијата, Серџо Маркионе на почетокот на јуни го најави новиот модел на “SUV” на Масерати како дел од петгодишниот план на италијанско-американската групација за експанзија на пазарот.

Покрај новите генерации на Ghibli и Quattroporte, Масерати наскоро ќе претстави и пониска класа на SUV од моделот Levante, па веќе подолго време се шпекулира како би можел да изгледа „малиот џип“ на италијанската компанија.

Од Масерати открија дека новиот SUV ќе има идеална распределба на тежината од 50:50, односно најдобра во целата класа. Покрај тоа, ќе има и најдобар однос на моќ и тежина, супериорно управување и хибриден погон.

Малиот SUV на Масерати веројатно и нема премногу да се разликува по дизајнот од Levante и јасно е дека ќе ги има најпопуларните одлики на италијанската компанија.

И натаму може само да се шпекулира кога станува збор за тоа што ќе се најде под хаубата на овој модел. Најчесто се споменува некаква „ублажена“ варијанта на 3,8-литарскиот V8 од „послабиот“ Levante GTS чиј што агрегат испорачува 550 коњски сили и 730 Nm максимален обртен момент.



Спонзорирани линкови

Маркетинг