Меланија ја ископира Кејт Мидлтон: Првата дама на САД за средбата со Путин одбра совршена комбинација и буквално блесна во Gucci фустанот

Кармин

16/07/2018

15:47

3.613

Големина на фонт

а а а

Меланија Трамп воодушеви кога се појави во Хелсинки во жолтиот капут-фустан, каде пристигна со својот сопруг Доналд Трамп поради средбата со рускиот претседател Владимир Путин.

Првата дама на САД, која се смета за личност со стил, уште еднаш покажа дека знае беспрекорно да одбере стајлинг. Странските медиуми пренесуваат дека Меланија ја "осветлила собата", кога се појавила во жолт капут-фустан. Цената на овој фустан од Гучи изнесува 3.700 долари, но на медиумите вниманието им го привлече нешто сосема друго. 


Имено, парот Трамп пред доаѓањето во Хелсинки престојување во Велика Британија, каде имале средба со кралицата Елизабета Втора, па Меланија за посетата се појави во британски стил, така што капутот кој го носела Меланија бил сличен на овој кој го носи Кејт Мидлтон, војвотката од Кембриџ.


Кејт е позната по своите фантастични комбинации, а често можеме да ја забележиме во токму такви капупти, со потпис на Александер Меквин.

Светло жолтиот капут е одличен избор за лето, а Меланија се одлучи за модел до под колена со долги ракави и каиш околу струкот.


Меланија во рака држела мал букет од полско цвеќе, кој наводно беше подготвен за претседателот на Русија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk