Проблеми во кралското семејство, Меган Маркл троши 10 пати повеќе за гардероба од Кејт Мидлтон

Кармин

16/07/2018

15:24

5.378

Големина на фонт

а а а

Претпоставувавме дека "аутфитите" на кралското семејство не се ефтини, особено кога станува збор за поубавиот пол на кралското семејство. Меган Маркл и Кејт Мидлтон моментално се главните дами кога трендовите се во прашање и дамите ширум светот се обидуваат го копираат нивниот префинет стил.

Сепак, како што пренесуваат медиумите, изгледа дека постои огромна разлика помеѓу вредностите на аутфитот на Меган и Кејт. Новата војвотка и поранешна глумица, троши многу повеќе отколку што го прави тоа "скромната" Кејт. 


Според податоците кои ги објави Дејли Меил, Кејт во 2017 година на гардероба потрошила 134,172 илјади евра, додека во 2016 тој износ бил 112,750 евра. И додека сигурно ќе помислите дека ова е голем износ, тоа всушност не е ништо во споредба колку троши Меган и тоа само во текот на оваа година.


"Буџетот на Меган за гардероба го надмина оној на Кејт. Всушност, ако продолжи со ова темпо би можела да потрши милион илјади евра", пренесува Дејли Меил.

На пример, Меган за време на неодамнешната посета во Ирска во рок од 24 часа носеше облека во вредност од 31,570 илјади евра.


Доколку се прашувате како е тоа можно, мора да напоменеме дека кралското семејство не смее да изнајмува гардероба и дека сите модни парчиња се купуваат. Меган веќе покажа дека сака дизајнирана облека и тоа од модните куќи Диор, Живанши, Прада и Шанел.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk