Таа не старее: По неа полуде целиот интернет, а на 47 години изгледа како девојка

Кармин

13/07/2018

17:27

5.462

Големина на фонт

а а а

Шапрел Далас е 47-годишна фитнес инструкторка од Флорида која има околу 30 илјади следбеници на Инстаграм. Но, она по кое Шапрел се издвојува од масата е дефинитивно фактот што благодарение на спортот и здравиот начин живот, таа изгледа како 20-годишна девојка.

Дека годините ѝ ласкаат, најдобро покажуваат нејзините инспиративни фотографии. Шапрел честопати објавува фотографии во истата облека, поза и локација на која се фотографирала пред 20 години, а резултатот е неверојатен - таа навистина не старее. 

Голема поддршка и пример ѝ е остатокот од семејството кој исто така е наклонет кон спортот - нејзиниот сопруг Патрик е спортски тренер, а ќерката Дестини е тинејџерка која веќе има своја книга и е основач на онлајн клуб на млади уметници.

Далас сепак најмногу ја смеат коментарите дека е сестра на нејзината 18-годишна ќерка:

"Луѓето често нѝ велат дека изгледаме како сестри, што за мене е неверојатно", изјавила 47-годишната фитнес ѕвезда.

Тешко е да се замисли дека Шапрел всушност била задевана поради своето тело и изглед додека била млада. Врсниците ѝ зборувале дека е премногу слаба и мускулеста како момче, но сепак таа не се откажала од своите сонови и на 21 година добила лиценца за тренер.

"Вежбам 5 пати неделно, никогаш не пијам алкохол, јадам само бело месо, а 90 отсто од мојата исхрана се базира на влакна. Го сакам вежбањето и не можам да го замислам мојот живот без спорт", заклучила Далас.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk