Меланија изгледала како божица во најелегантното издание досега: Раскошен фустан достоен за кралица

Кармин

13/07/2018

14:40

4.292

Големина на фонт

а а а

Претседателскиот пар вчера допатувал во службена посета на Лондон, а Меланија, сосема очекувано, заблескала во полн сјај.

При пристигнувањето таа носела беж фустан кој совршено ја истакнувал нејзината линија на телото.  


Но, за гала вечерта и средбата со премиерката на Велика Британија, Тереза Меј и нејзиниот сопруг, Меланија спремила нешто навистина спектакуларно.


Кога излегла од автомобилот во раскошен фустан на францускиот дизајнер Жил Мендела, сите погледи биле вперени кон неа.


Елегантната балска тоалета во нежно жолта нијанса веднаш била оценета од страна на модните критичари како фустан достоен за кралскиот двор и креација во која Меланија изгледала најелегантно досега.

Кројот на преубавиот фустан го истакнал најтесниот дел од струкот на првата дама, а неверојатно раскошните ракави кои паѓале до подот направиле таа да изгледа како најпрефинета ѕвезда на црвениот тепих.


Покрај фантастичната креација, првата дама на Америка носела жолти салонки, а нејзиниот накит бил минималистичен - дискретни обетки и еден прстен. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk