Трик кој ќе го обожувате, еве како да се ослободите од подочниците

Кармин

12/07/2018

11:58

1.046

Големина на фонт

а а а

Не сте спиеле доволно? Не грижете се, бидејќи имаме трикови како да ги елиминирате подочниците без да купувате скапа козметика. Не е лесно наутро да го сокривате фактот дека сте ненаспиени, бидејќи подочниците Ве издаваат.

Подочниците можат да бидат предизвикани од различни фактори, надворешни влијанија, солена храна, умор, стрес, а на лицето му даваат исцрпен изглед. За среќа, шминката може да Ве спаси. 

Но, доколку досега неуспешно сте ги покривале подочниците со коректор и пудра, тогаш сте го прескокнале трикот со мраз.


1. Ставете мраз

Ладното помогнува да ја намалите отеченоста и црвенилото околу очите и ги намалува подочниците. Можете да се обидете да ја замрзнете маската за лице која ја употребувате или ставете коцки мраз во хартија и нанесете ги под очите. Држете ги на лицето десет минути, а потоа со прстите нежно масирајте го подрачјето под очите за да поттикнете подобра циркулација.

2. Прекријте ги

Пред да започнете да ставате коректор, нанесете крема или серум во подрачјето околу очите. Потоа, следува коректор, кој после третманот со мраз, сигурно ќе има подобар ефект. На крај, преку целото лице нанесете пудра и изедначете го тенот, така што сосема ќе ги маскирате подочниците.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk