Ова е вистинско женско тело: Манекенката ја покажа фигурата само после еден месец откако се породи

Кармин

12/07/2018

10:16

6.559

Големина на фонт

а а а

Супермоделот Кендис Сванеапол пред помалку од еден месец на свет го донесе синот Ариел. Манекенката која е најпозната по соработката со брендот Викторија Сикрет, пред неколку дена отпатувала за Бразил, а топлото време го поминува сончајќи се на плажите.

Папараците ја "уловиле" убавицата како ужива на плажа, која гордо го покажа своето тело кое изгледа фантастично иако се породи пред помалку од 4 недели. 


Очигледно дека Кендис во текот на деветте месеци бременост и тоа како водела сметка за тоа што јаде, со цел нејзиното бебе да ги добие сите потрбени хранливи состојки, а воедно да го задржи нејзиниот убав и здрав изглед.

И додека и понатаму нè воодушевуваат нејзините долги и затегнати нозе, младата мајка има само задача да се ослободи од испуштената кожа на стомакот, која се појавува кај сите мајки после породување и сигурно набрзо повторно ќе ја погледнеме на модните писти.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk