Пет потполно погрешни "факти" за кондомите во кои сè уште се верува

Кармин

12/07/2018

10:03

1.867

Големина на фонт

а а а

Презервативот или кондомот е средство за контрацепција со најраширена употреба. Освен што штити од несакана бременост, игра голема улога и во спречување на ширењето на полово преносливите болести.

Иако за овој облик на контрацепција одамна се знае, многумина и понатаму веруваат во некои митови за овие "гумени заштитници". 

"Ставањето на лубрикант на кондомот ќе го спречи неговото пукање "

Лубрикантите на база на масло и петролеј всушност можат да го оштетат кондомот.


"Кондомот штити од сите полово преносливи болести "

Кондомите не штитат во целост од генитален херпес, ХПВ, сифилис и срамни вошки. Презервативот не е доволна заштита ниту за херпес тип 2, односно гениталниот херпес.

Кај ХПВ вирусот како и кај херпесот може да се случи личноста да боледува со години без никакви симптоми и да не знае дека е болна, но затоа може да ја пренесе болеста на партнерот.

"Не можете да користите кондоми доколку сте алергични на латекс"

Ова не е вистина - можете да користите кондоми кои се изработени од полиуретан и полиизопрен.


"Кондомите треба да ги чувате во паричникот "

Чувањето на едно пакетче кондом во паричникот може со текот на времето да го истенчи материјалот од кој е направен кондомот и на него да се создадат ситни дупчиња.

"Користењето на два кондоми истовремено ја удвојува заштитата "

Употребата на два кондоми одеднаш ја намалува заштитата бидејќи создава поголемо триење, а со тоа се зголемува можноста од пукање на презервативот.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk