Меган Маркл ја покорила Ирска во четири беспрекорни аутфити

Кармин

11/07/2018

16:33

2.695

Големина на фонт

а а а

Војвотката и војводата од Сасекс моментално се наоѓаат во Ирска, а ова е нивното прво заедничко службено патување. Очекувано, Меган за патувањето спакувала само елегантни дизајнерски парчиња и веќе во неполни два дена нè воодушеви со дури четири беспрекорни изданија. Првото беше она во кое таа слетала во Ирска, односно во Даблин.

Меган, за доаѓањето во Ирска избрала креација во бојата која е симбол на државата - зелената боја, со потпис на модната куќа "Givenchy" која ја дизајнираше и нејзината венчаница. Изгледот го надополнила со беж торба на брендот "Strathberry" и елегантни беж салонки. 


Потоа се пресоблекла во потполно поинаков, но подеднакво добар аутфит и ја пуштила својата коса.

За службениот прием во британската амбасада во Даблин, Меган одбрала мал црн фустан со А-крој, со потпис на новозеландската дизајнерка Емилија Викстед. Во комбинација со црниот фустан, таа носела и црни салонки и клач-чантичка, а косата ја навиткала во нежни елегантни локни.


Нејзиниот моден поход на Ирска продолжил и вториот ден од посетата. За средбата со ирскиот претседател, војвотката од Сасекс носела тесен сив фустан со карнери, дело на францускиот дизајнер Роланд Моурет.


Таа ги носела истите салонки како и дента претходно, а изгледот го надополнила со црна чанта и елегантна ниска пунџа.

За посетата на ирската меѓународна организација "Gaelic Athletic Association", Маркл носела шик црно одело и, освен што модно се усогласила со Хари, таа уште еднаш докажала дека навистина станува збор за најмоќното женско модно парче.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk