Природни лекови за регулирање на хормоните: Овие напитоци прават чуда за вашиот организам

Кармин

11/07/2018

14:48

1.414

Големина на фонт

а а а

Хормоналното здравје е од витално значење за целокупниот организам, а исхраната може да го смени начинот на кој функционира истиот и може да помогне во регулација на хормоните, без дополнителни лекови и терапии.

Во продолжение ви претставуваме три природни рецепти кои го стабилизираат лачењето на хормоните. 

Топла вода со лимон

Топлата вода со лимон допринесува за намалување на тежината, ги отстранува токсините од организмот и го подобрува имунитетот, состојбата на кожата и дигестијата. Причината е во тоа што лимонот влијае врз хормонот на ситост - лептин. Доколку лептинот е надвор од рамнотежа, телото почнува да создава масни наслаги.


Рецептот е многу едноставен: исцедете сок од половина лимон во чаша топла вода и веднаш испијте го. Утрото подобро ќе ви започне со ваквиот пијалак.

Чај од листови од малина

Листовите од малина од дамнешни времиња се користи за зајакнување на мускулите на матката. Научните истражувања потврдуваат дека оваа билка благотворно влијае врз работата на хормоните, а жените кои го консумираат овој чај во текот на бременоста немаат потешкотии во текот на породувањето.


Рецептот е следен: прелијте една лажичка листови од малина (можат да бидат свежи или во сушена форма) со 200 милилитри вода и оставете да отстои 10 минути. Овој чај се консумира во текот на денот, но одбегнувајте да го консумирате пред спиењето.

Златно млеко

Златното млеко го подобрува имунитетот и го доведува нивото на хормони во организмот во рамнотежа. Овој напиток го загрева, опушта и смирува телото. Златното млеко се состои од куркума, кокосово масло и засладувач кој создава корисна комбинација за регулирање на хормоните и општо благотворно влијае врз организмот.


Ајурведата ја смета куркумата за зачин кој ја подобрува циркулацијата и го урамнотежува нивото на естроген во телото.

Рецепт: во 200 милилитри врело млеко, додадете половина кафена лажичка куркума и лажичка кокосово масло. Можете да додадете и мед по желба. Овој напиток е најдобро да се консумира пред спиењето.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk