Повторно е природна убавица, полусестрата на Ким Кардашијан ги отстрани филерите за усни

Точка

09/07/2018

16:41

5.353

Големина на фонт

а а а

Ријалити ѕвездата, сопственичката на козметичката линија Kylie Cosmetics и можеме да кажеме успешната бизнис жена, Кајли Џенер ги шокираше фановите откако откри дека се одлучила во целост да ги отстрани филерите од усните.

Кајли Џенер е позната по естетските зафати, кои започна да ги применува уште од 16 годишна возраст. Еден од повпечатливите зафати бил оној со зголемувањето на усните за кој може да се каже дека стана нејзиниот препознатлив знак. 


Сепак, американската ријалити ѕвезда после неколку години со промовирање на овој изглед, одлучила сосема да ги отстрани филерите, а својот нов изглед го покажа на својот Инстаграм профил.  

Оваа промена предизвика воодушевување кај пошироката јавност, така што следбениците ѝ пишувале дека е многу поубава и поприродна, односно дека го направила вистинскиот избор.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk