Познатата манекенка на модната ревија пристигнала ненашминкана и во дрес на бразилската репрезентација

Кармин

03/07/2018

11:24

3.918

Големина на фонт

а а а

Прекрасната Адријана Лима пристигнала на ревијата на модната куќа "Schiaparelli" во склоп на Неделата на висока мода која секоја година се одржува во Париз, а со својот аутфит таа дефинитивно се издвоила од остатокот од гостите.

Убавата манекенка пристигнала на ревијата во персонализиран горен дел од дресот на репрезентацијата на Бразил со бројот 10 и нејзиното презиме на грбот кој го искомбинирала со плисирано сино здолниште со карнери и чипкасти детали, а на нозете носела црни сандали со бисери. 


Освен што носела дрес, Лима се појавила и ненашминкана, а косата ја врзала во залижана пунџа. И покрај ваквиот "обичен" изглед, таа успеала да ги украде сите погледи.



Адријана досега будно ги следела сите натпревари на својата репрезентација на Светското фудбалско првенство и ги споделувала своите емоции со обожавателите на својот Инстаграм профил.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk