Што се случува со вашето тело кога ќе се откажете од млечните производи?

BalkanInsight

03/07/2018

09:51

3.048

Големина на фонт

а а а

Од неодамна се' почесто се поставува прашањето дали млечните производи се корисни или штетни за организмот. Многумина се согласуваат дека тие треба да се консумираат во ограничени количини или дури во целост да се исклучат од исхраната.

Таквите изјави се поттикнати од теоријата дека човекот е единствениот цицач кој и понатаму пие млеко во возрасното доба.  

Еве што се случува со телото кога ќе се откажете од млечните производи:

Вашата кожа ќе стане почиста

Млекото од крава содржи голема количина на стероидниот хормон - естроген, кој може да го стимулира активното производство на себум. Со тоа, доколку помалку јадете млечни производи, поголема е шансата дека ќе се ослободите од акните и масниот сјај на кожата.


Ќе ја намалите надуеноста во стомакот

Истражувањата покажуваат дека повеќе од 75 отсто од возрасните лица страдаат од нетолерантност на лактоза бидејќи човековото тело е генетички програмирано да го запре производството на ензими кои ја разложуваат лактозата кога доењето ќе престане. Вие можеби не го забележувате тоа, но веројатно по консумирање на млеко доживувате некои симптоми на нетолеранција, како надуеност или болки во стомакот.


Вашата тежина може да варира

Можете да изгубите или да добиете тежина, во зависност од тоа што ги заменува млечните производи во вашата исхрана. Млечните производи се богати со протеини и масти кои ви овозможуваат да чувствувате максимална ситост на подолг временски рок. Доколку се откажете од млекото, изберете храна која долготрајно го спречува чувството на глад како ореви, семиња, јајца и авокадо.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk