Турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган, ќе ги посети Турците во Северна Никозија на 9 јули, што ќе биде негова прва прекугранична посета по победата на претседателските избори во Турција на 24 јуни, пишува грчкиот весник „Катимерини“.
Ердоган, кој ќе фати лет веднаш по церемонијата за положување заклетва како шеф на државата, треба да пристигне во северниот дел од Кипар, каде што ќе присуствува на свечено отворање на џамијата „Хала Султан“, според информациите на турската новинска агенција „ДХЦА“.