Хајди Клум: "Обожувам да бидам гола, секогаш сум се чувствувала слободно во своето тело"

Кармин

02/07/2018

15:36

3.526

Големина на фонт

а а а

45 годишната манекенка Хајди Клум позираше топлес за насловната страница на магазинот Ocean Drive и покажа колку добро се чувствува во своето тело без разлика на годините.

Поводот за насловната страница беше одбележувањето на 25 годишнината од нејзината линија за костими за капење, па Хајди проговори за нејзиното мото "помалку е повеќе" до кое се придржувала додека била на плажа. 


"Секогаш сум се чувствувала многу добро и слободно во своето тело", рекла Хајди додавајќи дека пораснала трчајќи топлес.

Признала дека нема обичај да носи горен дел од костим за капење, додека се сонча.


"Во поголемиот дел од случаевите носам костим за капење кој многу малку го прекрива телото, а доколку нема никој во близина не го носам и долниот дел", признала германската манекенка.


Таа раскажа дека пораснала во многу слободно опкружување и дека со родителите одела на нудистички плажи.


"Бевме многу слободни и не се оптоварувавме со непотребни работи. Немавме многу пари, па одевме на нудистички кампови и така голотијата за мене стана сосема нормална. Обожувам да бидам гола", изјавила Хајди и ги повика останатите жени да се ослободат од стравот и да го откријат своето тело.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk