Ердоган не мирува: Уште пожестока пресметка со противниците, наредено е апсење на полковници!

Точка

02/07/2018

14:54

1.831

Големина на фонт

а а а

Турските власти по наредба на Ердоган досега се проценува дека имаат притворено над 160 илјади луѓе и најмалку уште исто толку се отпуштени од работа после обидот за воен удар пред две години.

Од овие бројки кои што ги потврдија од канцеларијата за човекови права, повеќе од 50 илјади се формално обвинети и се наоѓаат веќе во затвор.

Сепак, турските власти и натаму не мируваат, па денес било наредено притворање на нови 68 осомничени лица, вклучувајќи и 19 полковници од турската армија во рамките на операцијата против наводните поддржувачи на исламскиот лидер Фетулах Ѓулен кој што е обвинет за организација на државниот удар пред две години.


19 полковници завршиле во притвор во рамките на операцијата сконцентрирана на воените копнени сили ширум 19 турски покраини, вклучувајќи го и главниот град Анкара, објави турската државна новинска агенција „Анадолија“.

Од новинската агенција го цитираа соопштението од канцеларијата на главниот државен обвинител во Анкара, во кое што е наведено дека било утврдено дека осомничените телефонски разговарале со оперативци на Фетулах Ѓулен кој според Анкара го оркестрирал обидот за државен удар на 15-ти јули 2016-та година.

Досега 19 полковници се притворени, а апсење им се заканува на 22 полковници и 27 потполковници на турската армија, пренесува „Анадолија“.


Турските власти досега притворија над 160 илјади луѓе и отпуштија речиси ист број на луѓе од разни државни служби, од судови па се до училишта, а од тие бројки, се проценува дека околу 50 илјади луѓе се осудени и моментално издржуваат затворски казни.

Критичарите на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го обвинуваат дека го користи неуспешниот државен удар како алиби за пресметка со сите свои политички неистомисленици. Сепак, Ердоган и натаму тврди дека тоа се мерки во борбата против заканата по националната безбедност.



Спонзорирани линкови

Маркетинг