Почина таткото на Мајкл Џексон

Точка

28/06/2018

12:34

3.179

Големина на фонт

а а а

Пензионираниот музички менаџер Џо Џексон, почина на 89 години, пренесува американскиот портал ТМЗ. „Daily Mail” изјави дека таткото на покојниот пејач Мајк Џексон, умрел од рак на панкреас.

Минатата недела Џермеин Џексон, брат на починатиот крал на поп музиката, рекол дека нивниот татко е на смртна постела и на членовите од семејството не им дозволува да го посетат. Освен што не сакал семејството да го види, Џо им забранил на докторите да им го покажуваат неговиот здравствен картон, нe сакал да им каже ни од што точно боледува. Сите членови на светски познатото семејство Џексон, наводно минатата недела се состанале со неговиот менаџер, преку кој се обиделе да дојдат до човекот кој со години ги градел кариерите на своите деца.


„Никој не знае што се случува, требаше да молиме за да го видиме сопствениот татко на смртна постела, што е лудо во вакви моменти. Забрани да ни се каже каде точно се наоѓа и како е, а мајка ни е полудена од грижи” – раскажаа Џо и Катерина Џексон. Музичкиот менаџер наводно во Бразил 2015 година имал срцев удар, поради кој го изгубил видот, а една година подоцна, по завршувањето на уште еден рутиснки преглед кој го направил поради високата температура, е префрлен во болница. Од тогаш состојбата му се влошувала.

Во 2002 година, Џо бил награден за „Најдобар музички менаџер на сите времиња”.

После оваа награда, тој е влезен во историјата и го „заработил” своето место во „ Rock and Roll” Куќата на славните.




Спонзорирани линкови

Маркетинг