Жената родена во знакот на Близнаци важи за забавна, друштвена, магична и провокативна. Таа има младешки изглед и е исклучително харизматична.
Дамите родени во знакот на Близнаци се непредвидливи и своето друштвено и љубезно расположение многу брзо можат да го заменат со дистанцирано и арогантно однесување.
Таа никогаш не се изморува од запознавање на нови луѓе и не е вообразена, но не секогаш е заинтересирана за долги љубовни врски.
Од потенцијалниот партнер, жената Близнак очекува ментална компатибилност и не дозволува врска со некој кој не е способен интелектуално да ја предизвика.
Жените родени во овој хороскопски знак постојано се во движење и не постои концерт, премиера или значаен настан на кои тие не присуствуваат, особено доколку тоа им го налага и самата професија.
Таа постојано ги прилагодува своите сопствени потреби кон својот партнер, но спремна е да ги употреби сите "женски оружја", својот шарм и привлечност за да го добие она што го сака.
Доколку стекне доверба во партнерот, таа ќе му открие нови светови и ќе направи тој да се чувствува свежо и вечно младо. Со жената Близнак, секој ден е нов ден - таа е жена со која не постојат баналности бидејќи таа знае да му пружи смисла на животот.
Полна е со изненадувања. Кога сте најмрзеливи, таа ќе ве изненади со карти за концерт на вашиот омилен бенд или спортски настан. Се што бара таа од вас е и вие некогаш да ја изненадите.