Дечко ѝ ја омаловажувал поради нејзиниот целулит, а за да му врати за сè што ѝ направил целосно се трансформирала!

Точка

21/06/2018

16:00

6.153

Големина на фонт

а а а

Цели 4 години Скарлет Скинер не ги соблекувала нејзините панталони поради суровите коментари на нејзиниот дечко за целулитот којшто таа го имала на нозете. За да му врати за за сè што ѝ направил, девојката решила да се промени.

Скарлет Скинер започнала да држи диета и го напуштила нејзиниот партнер, па на 23 години доживеала неверојатна промена. Целата трансформација се случила во рок од 6 месеци.

“Јадев само пржена храна за појадок, а брзата храна, чипсот и чоколадите беа мое секојдневие. Мојата самодоверба беше на многу ниско ниво. Никогаш не сум се чувствувала ниту секси ниту атрактивно“, објаснила Скарлет.


Нејзиниот партнер ја подржувал во криењето на нејзините нозе, бидејќи сето тоа било за “нејзино добро“. Затоа девојката решила да го смести ова момче во минатото и да го напушти. Набргу потоа, започнала нејзината борба со вишокот на килограмите и облеката којашто ја користела за да го покрие нејзиното тело.


“Беше грозен и ниту малку внимателен. Едноставно не сакав веќе да ме понижува. Започнав да вежбам, а ја променив и исхраната“, признала Скарлет.

За само 6 месеци таа изгубила 15 килограми и денес се чувствува посреќно и поздраво.

Пред да превземе сериозен пристап кон диетата, таа решила да биде вегетаријанка, а нејзината исхрана се состои од протеини без месо и многу зеленчук.


“Одам во теретана пет пати неделно и усвоив некои едноставни животни промени. Наместо да патувам со автобус јас пешачам“, рекла Скарлет.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk