Меган Маркл му се придружи на принцот Хари на настанот Royal Ascot, најважниот британски социјален настан на годината. Со оглед на тоа дека Меган досега сакала да ги крши правилата за облекување на настаните на кои досега се појавила, Британците ги интересираше дали и овој пат ќе ја премине границата.
Поради тоа им олеснало кога ја погледнале војвотката од Сасекс буквално закопчана до грло. За трката одбрала едноставен бел фустан со детали на чипка, кој во струкот го затегна со црн појас, веројатно да покаже дека гласините дека е бремена не се вистинити. Модната креација ја потпишува модната куќа Живанши, која ја дизајнирала и нејзината венчаница. Шеширот е дело на најпознатиот британски креатор за шешири Филип Трејси.
Хари и Меган на почетокот на јули ќе ја посетат Ирска, на нивното прво службено патување во странство после венчавката, објавува Кенсингтонската палата.
Парот ќе престојува во Даблин од 10 до 11 јули.
На есен Меган и Хари ќе заминат на првата службена турнеја со која ќе ги посетат Австралија, Фиџи, Тонга и Нов Зеланд, четирите земји на Комонвелт. Принцот Хари неодамна стана амбасадор на младите од Комонвелт.