И двете се познати како големи љубителки на модата и честопати завршуваат на листата на најдобро облечени дами на светот.
Затоа првата средба на првата дама на САД, Меланија Трамп, и шпанската кралица Летиција била вистинскo моднo уживање. Шпанскиот кралски пар вчера пристигнал во посета на Белата куќа каде се запознале со претседателот и неговото семејство.
За таа пригода, кралицата Летиција носела тесен впечатливо розов фустан со миди должина, дело на дизајнерот Мајкл Корс, кој го искомбинирала со сребрен ремен и салонки во понежна нијанса на розова боја. Интересно е тоа што Меланија го носела истиот фустан само во сина боја на минатогодишното запознавање со претседателот на Панама.
Првата дама на САД ја дочекала кралицата во маслинестозелена креација на Валентино, со бели цветови и ремен. Фустанот го надополнила со зелени Маноло Бланик салонки, а и двете дами изгледале одлично.