Дејвид Бекам: "Парите не можат да го надоместат времето со децата"

Кармин

20/06/2018

11:42

2.885

Големина на фонт

а а а

"Една минута ги држиш децата во раце за прв пат, а веќе следната тие возат автомобили", изјавил поранешниот фудбалер Дејвид Бекам во двеминутното видео кое го снимил за меѓународниот фонд за деца "Unicef".

Видеото содржи фотографии од Дејвид, неговата сопруга Викторија и нивните четири деца - Бруклин, Ромео, Круз и ќерката Харпер. Освен што рекол дека "времето брзо лета и дека децата брзо растат", Дејвид признал и дека тие му се сè во животот.

Инаку, тој сè уште се грижи за својот син Бруклин и го проверува секоја вечер, иако е веќе полнолетен.

"Кога имате деца, секој момент од нивното раѓање се прашувате дали се добро", објаснил Бекам.


Гледајќи во минатото и раното детство на своите деца, посебно време за пензионираниот британски фудбалер било будењето во текот на ноќта и хранењето. Не му било важно времето во кое тој се будел и тешко станувал поради нив, бидејќи кога ќе ги видел, тој бил среќен и насмеан.

"Времето поминато со децата е поважно од сè", заклучил тој. И покрај сите грижи и обврски, Дејвид никогаш не зажалил што станал татко.


"Никогаш не би сменил ништо, никаква слава и моќ не можат да ја надоместат детската насмевка која те чека дома", изјавил тој.

Неодамна во јавноста се појавија гласини дека познатиот пар се разведува, но таа информација се покажа како неточна бидејќи очигледно љубовта помеѓу Дејвид и Викторија сè уште цвета.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk