Видео туторијал: Четири нови начини да носите марама во коса

Кармин

19/06/2018

17:03

1.966

Големина на фонт

а а а

Омилениот летен аксесоар во косата и понатаму е во тренд, а ние Ви претставуваме четири нови начини да го носите овој детаљ.

Лето, фустани и марами во коса, вака некако ја замислуваме комбинацијата за топлите денови, а овој пат идејата ни беше да пронајдеме брз и едноставен начин за да ја стилизираме косата.

Ефектен аксесоар каква што е марамата има широка примена, па може да служи и како каиш или да ја врзете околу врат. Но, кога се носи во косата, секој "аутфит" го подигнува на високо шик ниво и во целост го обезбедува женствениот изглед.

Во продолжение погледнете го Видеото кое ќе Ви помогне на брз начин да ја стилизирате марама во косата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk