Докторите ѝ рекле дека ќе умре поради дебелината, а таа сега се подготвува за бодибилдинг натпревар

Кармин

19/06/2018

16:27

4.338

Големина на фонт

а а а

Неа сите ѝ се исмеваа поради вишокот килограми, а докторите ѝ рекле дека нема да го доживее 27 роденден, па таа не само што го прослави туку се подготвува и да оди на фитнес натпревар.

Во 2010 година Мишел Елбертсон (29) ја имала најголемата тежина во животот, имала 193 килограми. Не била задоволна со себе, но не планирала да преземе ништо посериозно. Работела како учителка и потоа на пауза ги чула своите ученици како разговараат за професорите. Секој го опишувале според физичкиот изглед, а Мишел имала надимак "дебела учителка". Но, тоа и не е најлошото што го чула за себе, бидејќи многу често се случува додека се движи по улица, луѓето зад неа да ја озборуваат. 


Сепак, коментарот на нејзините ученици ја навело да размислува за својата тежина и што би можела да преземе по тој повод.

И на тој начин одлучила да се префрли на здрава храна и да започне со трчање. Тоа не било ниту малку лесно, бидејќи Мишел веднаш се задишувала и потела после само неколку чекори. Таа дури ја скршила и ногата на четири места поради тоа што коските не можеле да ја издржат нејзината тежина. Во првите две години истрчала 36 полумаратнои, пет маратони, а покрај тоа посетува и Зумба, подигнува тегови и посетува фитнес.


"Околу сето ова пред неколку години не смеев ниту да сонувам. А, сега не можам да го замислам денот без физичка активност", вели гордата Мишел.

Секако, го промени начинот на исхрана, а во април 2010 година отишла на хируршко намалување на желудникот и од тогаш драстично ги намалува порциите. Сега вели дека секојдневно брои калории кои ги внесува и никогаш не ја преминува границата.


Денес Мишел има 87 килограми. За себе може да каже дека е успешен бодибилдер и се подготвува за првото натпреварување во бодибилдинг. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk