Холивудската актерка со детали од својот живот: "Како мала се задоволував и по пет пати дневно"

Кармин

13/06/2018

09:48

6.121

Големина на фонт

а а а

Актерката Џејда Пинкет Смит вели дека се задоволува уште од рани години. Во својата ТВ програма "Red Table Talks", таа во последните неколку недели изнела голем број прогресивни ставови и детали од својот живот, а последната "откриена вистина" во низа открива дека Џејда знаела да доживее оргазам и до пет пати на ден.

46-годишната актерка експлицитно рекла дека почнала да го запознава своето тело кога имала само девет години. 


Нејзе ја интересирале ерогените зони и уште тогаш била свесна за својата сексуалност. Пинкет Смит изјавила и дека сигурно имала подобро и попозитивно искуство со запознавањето со сексот од нејзината мајка.

"Мојата баба ме учеше како да се самозадоволувам, таа сакаше на време да сфатам што значи физичко задоволство. Не сакаше да паднам во рацете на некој маж кој поради својата мрзеливост ќе ме запостави и ќе ме убеди дека женскиот оргазам не е важен. Многу сум ѝ благодарна", изјавила сопругата на актерот Вил Смит.


Џејда вели и дека како млада доживувала повеќекратни оргазми, но во почетокот ги доживувала само кога мастурбирала.

"Бев во експериментална фаза. Од оваа гледна точка мислам дека во тој момент имав и некој вид на зависност. И тогаш пресеков еден ден, си реков себеси - доста е, имаш по пет оргазми дневно", искрено раскажала холивудската актерка.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk