Хит на сезоната: "Диво" здолниште кое потполно ги воодушеви дамите

Кармин

11/06/2018

20:40

6.092

Големина на фонт

а а а

Иако вертикалните линии и цветните дезени се најавени како главен тренд на сезоната пролет/лето, постои уште еден дезен кој потполно ги воодушеви дамите. Станува збор за класичниот леопардски принт кој се почесто ќе го гледаме на здолништата.

Покрај цветните фустани и комбинезони, еден од големите трендови ова лето ќе биде здолништето со леопардски дезен. 

Со оглед на тоа што станува збор за впечатливо парче облека, ваквиот модел е наменет за смелите девојки кои сакаат да си поигруваат со трендовите.

Иако многу дами ги одбегнуваат ваквите ефектни дезени, експертите напоменуваат дека постои само едно правило за да изгледате како дива - комбинирајте го ваквото здолниште со еднобојна, најдобро црна или бела маичка, и едноставни сандали.

"Дивите" здолништа односно моделите со животински принт доаѓаат во разни варијанти и во зависност од вашата градба или стил можете да бирате помеѓу кратки мини здолништа, миди и макси должина, а кога станува збор за кроевите најпопуларни се здолништата со А крој.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk