Полицијата во Сингапур го испрашувала двојникот на Ким Јонг Ун: Еве што му наредиле

Точка

08/06/2018

10:17

2.470

Големина на фонт

а а а

Двојникот на севернокорејскиот лидер, кон крајот на минатиот месец, позирал на фотографии со граѓаните на Сингапур.

Двојникот на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, тврди дека полицијата го задржала во притвор и го испрашувала кога пристигнал во Сингапур, неколку дена пред самитот меѓу Ким и Доналд Трамп. 

Имитаторот од Хонгконг, кој се претставува како Хауард Икс, дошол во Сингапур поради деловни промоции поврзани со самитот.

Според неговите зборови, полицајците кои го сопреле на аеродромот во Сингапур, го испрашувале и му рекле да го напушти островот Сентоса и хотелот "Шангри Ла".

Историската средба на двајцата лидери би требало да се одржи во вторник во хотелот "Капела" на островот Сентоса, а се очекува Трамп да биде сместен во хотелот "Шангри Ла" во текот на својата посета, потсетува "AP".

Двојникот на севернокорејскиот лидер кон крајот на минатиот месец позирал на фотографии со граѓаните на Сингапур, каде, како што рекол, се појавил за да им посака успех на Ким и Трамп на самитот и преговорите за ставање крај на нуклеарната програма на Северна Кореја.

Хауард Икс се претставил како Ким и на Зимските олимписки игри во Јужна Кореја во февруари оваа година, кога ги збунил севернокорејските навивачки, кои помислиле дека лидерот на нивната земја дошол на хокеарскиот стадион.




Спонзорирани линкови

Маркетинг