Многу нови нешта периодов во животот на Фросина Ангеловска (29), познатата модна дизајнерка, стилистка, шминкерка и сопственичка на модното студио „Фран“.
На социјалните мрежи таа веќе објави за свршувачката со фудбалскиот голман Виктор Ивановиќ, а ексклузивно за Точка ни откри дека за неколку месеци очекуваат да се роди и нивното прво дете... Заедно двајцата, со помош на нивните семејства со голема возбуда и нетрпение се подготвуваат и за свадбената забава и за раѓањето на бебето...
Околностите на нашето запознавање и не се којзнае колку романтични. Се „одеше“ преку социјалната мрежа „Инстаграм“. Но, нашиот прв состанок... Е, тоа е веќе сосема поинаква приказна (се смее). Беше особено прекрасна вечер, со мала доза на скандалозен крај (не во позитивна смисла) и за малку немаше ни да има втор состанок... Но, нешто одвнатре ми велеше дека оваа комуникација не треба тука да заврши И, ете - не заврши таму, на првата средба (се смее).
Виктор ме освои со неговата непосредна, кротка и позитивна природа, неговата искреност и да не се лажеме - неговиот мажествен изглед. Јас и Виктор по сите критериуми сме два различни света, но во многу нешта тоа одлично функционира. Совршениот баланс на Yin - Yang, нели?!
За првпат во животот бев целосно затекната. Не сум човек кој лесно може да биде изненаден затоа што сум особено перцептивна и посветувам внимание на сите детали, па затоа овој момент кој бара многу логистика и подготовка лесно би го провалила. Но, не и овојпат и затоа му симнувам капа, што се вели (се смее).
Последниов период мојот семеен живот не беше исполнет со многу среќни моменти. Во само неколку месеци изгубив две премногу драги, премногу блиски личности и тоа од двете страни на фамилијата. Па, затоа сознанието дека ќе станам мајка и дека на пат е нов живот и за мене и за моето семејство беше ултра светла точка. Сите многу му се радуваме на тоа бебе, кое веќе има два ангели чувари на небото и со душа го чекаме да се роди некаде кон крајот на месец номеври.
Беше тешко, затоа што не ме заобиколи ниту еден симптом: од утрински мачнини, целодневна малаксаност, вечерно гадење, нервоза и безволност, поспаност и заспивање најдоцна до 22 часот... потоа, станување по минимум 5 пати во текот на ноќта за мокрење... Проживеав сè по список. Но, еве сега веќе во четвртиот месец од бременоста е полесно и конечно се живее (се смее).
Сè е подготвено. Мене идеите ми доаѓаат спонтано, а оние добрите пак, сите во еден наплив на креативност. Па, така и за нашата свадбена забава... Искрено, порано не можев да се замислам во таа улога, затоа што го работам тоа секојдневно и со толку љубов творам кога се работи за другите, па затоа за мене никогаш не го почувствував тој порив. Мислев дека никогаш нема да сакам свадба... сè до еден момент кога оддеднаш ми се роди и желба и идеја за тоа.
Ќе дадам сè од себе за сето тоа да биде на ниво и во мој стил. Се надевам само дека и мојата линија на телото ќе оди во согласност со замислата. Има уште неколку месеци до свадбата, а мешето расте... (се смее)
Имам многу блиски пријателки кои баш периодов се со мали бебиња (сепак тие ни се годините) и од нив добивам многу совети, а и еден тон литература на подарок. Читам колку ми дозволува времето. Реално најпрактични се мобилните апликации кои секојдневно ми праќаат нотификации со некои корисни информации, па кога имам време си потчитнувам.
Да додадам: и апсолвентски и полуматури. А, во однос на искуството не можам да се пожалам. Уживам во мојата работа, уживам во тоа да ги правам луѓето среќни и се трудам најдобро да ја реализирам нивната желба и замисла. За среќа немаше многу разидување помеѓу нивните идеи и мојот сензибилитет.
Тоа е впрочем и мојата задача. Има и такви кои доаѓаат со јасна идеа и замисла, а има и такви кои се обраќаат кај мене како професионалец токму за сугестија.
Станувам , мијам лице, заби, нанесувам крем на лицето и варам кафе. Додека го пијам на мојата масичка, ставам слушалки и слушам музика и тогаш почнувам да се шминкам. Тоа е мојот секојдневен утрински ритуал. Во однос на изборот на гардеробата, сè зависи од моментната инспирација и обврските што ги имам планирано за тој ден.
Во различни фази и периоди од животот, различни нешта ми се „залепуваат“ за срце. Има периоди кога сакам ултра впечатливи парчиња, има периоди кога сум минималистички ориентирана. Една карактеристика останува непроменлива во сите мои фази, а тоа е женственоста која е присутна во сите мои комбинации и креации.
All time - ултра омилен – Samer Khouzami!
Патувањето е по сите канони е нешто во кое што најмногу уживам. Да немав работни обврски и да имав неограничени финансии, не би застанала на едно место никогаш! Светот е голем и преполн со доживувања! Тоа што го нуди патувањето како искуство, како лично надоградување, збогатување на карактерот, општа култура и проширување на видиците е нешто што никогаш нема да се научи во училиште. Бев на многу места во светот, но најголем впечаток и најголема промена врз мене како личност остави Јапонија и мојот 6-месечен престој таму. Тоа е сосема друга димензија на живеење... Нема зборови за да ја опишам, треба само да се доживее.
Како Лав во хороскоп, Стрелец во подзнак и Бик во месечина јас сум хедонист х3. Гурманлукот е една од моите најголеми слабости, заедно со трошењето на пари (се смее). Уживам во секаков вид на храна, а најмногу во нови неиспробани комбинации. Од менито секогаш го нарачувам најинтересното, најзачинетото, најнетипичното. Слатко-луто-киселите комбинации, намирниците што никогаш не би помислисле дека одат заедно и ориенталните специјалитети се секогаш мојот прв избор. Оилешки стек и ориз јадам само кога сум на диета (се смее).
Бебето е темпирано да се роди во период во кој имам најмалку работа, за да можам најмногу да му се посветам. За среќа така и ќе биде. Краен термин ми е први декември, а во нашата работа токму јануари, февуари и март се најтивките месеци. Па, така до неговиот/нејзиниот четврти месец ќе дадам сè од себе да сум посветена мајка, а потоа од крајот на март, почетокот на април кога се отвара сезоната планирам да сум посветен работник како и до сега. Во тој пориод тато Виктор ќе му/ ѝ биде поголемо друштво и тој ќе ми го носи на работа на доење (се смее).
По оваа голема промена која ме очекува на приватен план, сакам да направам и големи промени на професионален план. Има работи кои ги планирам со години, а сè уште не успеав да ги реализирам. Една од нив е колекција под мојот бренд и тоа ќе биде мојот главен фокус додека сум дома со малото. Сакам кога ќе порасне да се гордее со мене!
Музиката!
Пишува: Гордана Настевска-Манасијеска
Фото: Марко Маркоски
Локација: Модно студио „Фран“