Ги обвиниле за расизам бидејќи не ја држеле девојката за рака, а потоа се јавила нејзината мајка со вистинската приказна

Кармин

31/05/2018

11:16

6.550

Големина на фонт

а а а

Ученички од средно училиште во Санта Фе, каде неодамна имаше пукање во кое беа убиени десет и повредени 13 лица, ја пееле американската химна на еден кошаркарски натпревар, а пред тоа им оддале почест на загинатите и повредените соученици.

Меѓутоа, на социјалните мрежи настанал вистински хаос поради една фотографија која била споделена на Твитер од страна на НБА. Имено, на фотографијата се гледаат шест тинејџерки кои се држат за рака и гледаат во подот, додека седмата девојка, афроамериканката Никол е одвоена од девојките. 

На социјалните мрежи веднаш започнале да се споделуваат коментари и многумина го обвиниле расизмот за ваквата ситуација.

“Зошто никој не ја држи нејзината рака?”, “Расизмот е реалност”, “Ова е микроагресија кон неа”, “Доколку ѝ се пријателки, зошто не ја држат за рака?”, “Зошто белите девојки не ја држат црната девојка за рака”, коментирале корисниците на Твитер.

##https://twitter.com/Crown_Me_Leah/status/1000495433955725312##

По бројните коментари, се огласла и мајката на девојката која не се држи за рака со останатите.

“Јас сум мајката на “црната девојка”. Луѓето како вас ги поттикнуваат ваквите расистички ср*ња. Само барате нешто што можете да го поврзете со расата. Овие девојки се нејзини пријателки. Немате поим што зборувате па затоа замолчете”, напишала мајката, но на екипата на Твитер тоа не ѝ било доволно, па барале објаснување.


“Мојата ќерка не сакаше да плаче пред пеењето, а токму тоа би се случило доколку таа се држеше за раце со останатите. Тоа е причина, а не раса”, напишала мајката и споделила фотографија на која јасно се гледа дека имало уште неколку девојки кои не се држеле за раце со другите.

По целата ситуација, се јавила и самата Никол која ги замолила сите да престанат да ги навредуваат нејзините пријателки.

##https://twitter.com/Lyndarjan1/status/1000828739121446913##


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk