Ниту Бејл, ниту Марсело: Џерард со неверојатни пофалби го издвои најдобриот играч во финалето во Киев

Дерби

30/05/2018

13:31

2.852

Големина на фонт

а а а

Стивен Џерард предвидуваше победа на неговиот омилен Ливерпул во големото финале во Лигата на шампионите, но откако избраниците на Јирген Клоп останаа пократки за посакуваниот трофеј во најелитното натпреварување, легендата на „црвените“ тешко ги прифати случувањата во Киев, иако не штедеше пофалби за еден играч на противникот.

Во изминативе неколку часа на социјалните мрежи посебно се рашири видеото од студиото на „Би-Ти Спорт“, во кое легендата на Ливерпул го потенцира Лука Модриќ како најдобар играч во финалето, ставајќи го пред Герет Бејл кој постигна два гола и Марсело кој беше најактивен по левата страна.

Според Џерард, неверојатната смиреност на Модриќ ја прави разликата на секој важен натпревар, па воопшто немаше проблем да го нарече најдобар среден играч за врска во светот.

– Што да се каже за перформансите на Лука Модриќ оваа вечер… Тој е најдобриот играч за врска во овој момент. Изданието во финалето беше неверојатно. Ја прима топката со притисок од три или четири играчи, но тој е исклучително смирен и секогаш одлично се справува со притисокот. Беше уживање да се гледа денеска, без никаков сомнеж, едно специјално издание, – вели воодушевениот Џерард, мислење со кое се согласи и Френк Лампард.



Спонзорирани линкови

Маркетинг