Цртеж на тригодишно девојче од кој ќе ве полазат морници: “Ова не би можел да го смисли ни Стивен Кинг”

Кармин

30/05/2018

17:30

9.890

Големина на фонт

а а а

Актерката Натали Моралес во едно списание пронашла детски цртеж кој прилично ја вознемирил.

Моралес ја објавила фотографијата на Твитер каде многумина го споделиле нејзиното мислење. Имено, тригодишното девојче ја нацртала својата замислена мајка, а нејзиниот опис бил, благо кажано – морничав. 

##https://twitter.com/nataliemorales/status/1000957417360834560##

“Ова е мојата имагинарна мајка Грејтфул. Таа има жолти трепки што значи дека може да гледа во темница, а ме посетува ноќе. Има две бебиња во нејзиниот стомак. Таа има четиринаесет години, но никогаш не може да има роденден”, стои во описот до фотографијата.

Натали заклучила дека веројатно станува збор за дух, а некои од нејзините следбеници тоа го сфатиле прилично сериозно.


“Ова е најстрашното нешто што некогаш сум го чул”, “Ни Стивен Кинг не би можел да смисли нешто пострашно од ова”, “Погодете кој ќе спие вечер со вклучено светло” и “Ох Боже, децата навистина знаат да бидат страшни”, се само дел од коментарите.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk