“Парите не паѓаат од небо”: Сите родители симнуваат капа на воспитните мерки на Бекамови

Кармин

28/05/2018

12:13

9.334

Големина на фонт

а а а

Во едно неодамнешно интервју за весникот “Evening Standard”, поранешната “спајсица” и модна дизајнерка Викторија Бекам зборувала за своите четири деца и нивните работни навики.

Имено, иако таа и нејзиниот сопруг Дејвид Бекам се наоѓаат на листата на најбогати Британци, на прво место им е воспитувањето на децата кои треба да сфатат дека парите не доаѓаат толку лесно. 

Синовите перат садови во кафулиња

Уште пред неколку години, во медиумите излезе информација дека најстариот од четирите деца на Викторија и Дејвид Бекам, Бруклин Бекам, перел садови во кафуле во западниот дел на Лондон за минимален надомест.

Сега по неговите стапки тргнал и неговиот помлад брат, 15-годишниот Ромео, што за него е секако голем чекор. Само за споредба, Ромео за снимањето за модната куќа “Burberry” добил 45 илјади фунти, а за работа во кафуле бил платен само 2,73 фунти на час.

Но, Викторија и нејзиниот сопруг сметаат дека децата мора да стекнат работни навики. Тие секојдневно посетуваат училиште, но нема причина зошто не би биле запознаени со работењето. Во истовреме, Викторија открила дека децата сепак треба да останат деца.

Влијае ли работата на тинејџерите врз нивниот развој?

Бројни истражувања во текот на годините покажуваат дека детето, што порано, мора да научи да се осамостои од родителите, а повремената работа игра голема улога во тоа, без разлика дали станува за работа како чување деца, косење трева, работење во кафулиња и слично.

Исто така се покажало и дека создавањето на работната етика во раното животно доба има позитивно влијание и врз работните навики во подоцнежните години од животот.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk