ПСЖ со неверојатна понуда до Буфон

Точка

23/05/2018

17:03

1.997

Големина на фонт

а а а

Џанлуиџи Буфон по крајот на оваа сезона, после 17 години одлучи да го напушти Јувентус, а како што пренесуваат италијанските медиуми, речиси сигурно негова следна дестинација ќе биде Париз.

Конечната одлука за тоа каде ќе ја продолжи својата кариера, Буфон соопшти дека ќе ја донесе веќе идната седмица, а негова следна дестинација речиси сигурно ќе биде париски ПСЖ.

Иако Буфон има 40 години, тоа на клубот од „Паркот на принцовите“ очигледно не им смета, па на сега веќе поранешниот голман на Јувентус му бил понуден четиригодишен договор според кој би заработувал 8 милиони евра по сезона.

На Буфон исто така му била понудена и функцијата амбасадор на Светското првенство во Катар, па сега останува тој да одлучи дали да ја прифати понудата на парискиот тим која што и тоа како е примамлива.



Спонзорирани линкови

Маркетинг