Ослабнала 29 килограми бидејќи го променила начинот на кој го пие утринското кафе

Кармин

23/05/2018

11:07

7.150

Големина на фонт

а а а

Ели Фишер конечно има стомачни мускули, а не сало околу стомакот. На неа ѝ било потребно помалку од една година за да ослабне речиси 30 килограми и да го елиминира постпородилното стомаче, а еве како успеала во тоа.

За време на бременоста, Фишер јадела до 3000 калории дневно, а признава дека уживала во големите, масни и вкусни оброци. По породувањето, таа одлучила да го отстрани вишокот килограми. 

Во јануари 2017 година, таа ја започнала својата трансформација.

“Пред породувањето имав 56, а сега имам 60 килограми. Но, сега го сакам своето тело, се чувствувам убаво и имам повеќе мускули”, изјавила Ели за порталот “Pop Sugar”.

Таа започнала да ги брои калориите, а потоа заклучила дека треба да има голема порција вечера, а денот го започнувала со скромен појадок. Ниту ручекот не бил преобилен.

“Најголемата револуција во мојот режим е тоа што ги елиминирав сите вкусови и додатоци во кафето. Порано консумирав кафе со шеќер, млеко и шлаг. Сега пијам само црно кафе. Ги броев калориите и се радував на омилената вечера. Со тоа успеав во моите цели кои не беа нереални – сè што сакав е да си ја вратам претходната килажа”, раскажала Фишер.

Ели Фишер започнала и да вежба, но не претерано.

“Најмногу вежбав обични клекнување и скокови. Мојот тренинг траеше половина час, три пати неделно. Резултатите беа одлични – немав вишок кожа и сè се врати на свое место”.

Таа вели дека во текот на својата трансформација се прифатила себеси и тоа за неа било терапевтско патување.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk