Кејт Мидлтон на венчавката во веќе виден фустан: Многумина велат дека тоа намерно го направила

Кармин

21/05/2018

16:35

6.299

Големина на фонт

а а а

Кејт Мидлтон на кралската венчавка се појавила во очекувано елегантно издание, но она што на многумина им паднало во очи бил фактот дека таа се појавила во оваа креација и претходно.

Кејт за свечената прилика носела едноставен светол фустан со потпис на дизајнерот Александер Меквин, кој го надополнила со голем елегантен шешир. 


Иако некои ја обвинија дека на венчавката се појавила во неприкладна бела боја, “Insider” пишува дека фустанот има бледожолта нијанса, но и дека Кејт досега го носела овој фустан два пати: во јули 2015 година на крштевката на принцезата Шарлот и на кралската церемонија во јуни 2016 година.


Корисниците на Твитер сметаат дека војвотката го направила тоа намерно со цел да не го одвлече вниманието од Меган на нејзиниот голем ден.


“Ова е навистина прекрасен гест. Нема што да се види тука, фокусирајте се на невестата”, искоментирала новинарката Елизабет Холмс, а многумина се сложиле со неа нарекувајќи ја Кејт вистинска дама.

Слична работа направила и на венчавката на својата сестра Пипа во мај 2017 година кога облекла едноставен розов фустан кој не привлекувал премногу внимание.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk