Митески: Марин ќе го затрупа Аеродром со бетонски станбени блокови, на сметка на зеленилото во општината

Макфакс

20/05/2018

15:23

1.617

Големина на фонт

а а а

Дејан Митески од опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска даде изјава пред „Американ колеџ“, на локацијата за која, како што рече, на седница на Советот на општина Аеродром, мнозинството предводено од СДСМ донело нов урбанистички план за изградба на станбени блокови, наместо зелени површини.

„Златко Марин објави дека ќе гради нова инфраструктура и зелени површини, меѓутоа бројките кажуваат друго. Марин лаже кога вели дека ќе гради нова инфраструктура. Во урбанистички план со површина од околу 6 хектари, единствена нова инфраструктура која е предвидена е за потребите на новите висококатници кои се предвидуваат со урбанистичкиот план“, изјави Митески.

Тој додаде дека она што е позагрижувачко, е површината за зеленило во рамки на планот.

„Имено, од вкупно 63.000 метри квадратни, колку што изнесува планскиот опфат, верувале или не, само 1.354 метри квадратни се предвидени за зеленило или во проценти само 2,15% зеленило во рамки на ДУП-от“, посочи Митески, кој јавно запраша за каков интерес на граѓаните зборува градоначалникот Марин со предвидени само 2% зеленило во ДУП-от.

Претставникот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ истакна дека наместо вистински нови зелени простори, содржини за спорт и рекреација и детски игралишта, Златко, како што рече, ги заборавил ветувањата од пред избори и брзо се насочил кон уништување на зеленилото и изградба на нови згради.



Спонзорирани линкови

Маркетинг