Возач на камион удрил чешки мотоциклист во Скопје, а потоа избегал

Макфакс

20/05/2018

13:38

1.659

Големина на фонт

а а а

Триесет и тригодишен Чех се здобил со тешки повреди откако вчера бил удрен од камион, додека возел велосипед со помошен мотор во Скопје.

Како што информираат од МВР, несреќата се случила на булеварот „Киро Глигоров“, кога камион удрил во чешкиот државјанин кој управувал мотоцикл марка „хонда роад махи“. По инцидентот, возачот на камионот побегнал од местото на настанот.

Возачот на мотоциклот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде му биле констатирани тешки повреди и бил задржан на понатамошно лекување. Полицијата презема активности за целосно расчистување на случајот



Спонзорирани линкови

Маркетинг