Германската пратеничка ја критикува власта: "Европа ќе биде побезбедна доколку Русија ѝ биде поблиску, санкциите треба да се укинат"

Точка

20/05/2018

15:10

3.738

Големина на фонт

а а а

Приближувањето на Русија е во интерес на Европа, бидејќи тоа ќе ја осигура безбедноста и постигне поголемо развивање, изјавила Сара Вагенкарт, потпретседателката на Левицата и пратеник во германскиот Бундестаг.

Таа повика да се стави крај на "студеното време во односите со Москва". 

"Санкциите му штетат на европските и германските бизнис компании, така што во наша корист е да ги укинеме", истакна таа. Вагенкарт рекла дека Берлин треба да продолжи да го критикува соединувањето на Крим со Русија и акциите на Москва во Сирија, но ако ги критикуваат оние кои самите водат меѓународна војна која го прекршува меѓународното право, тогаш тоа е многу лицемерно.


Потпретседателката вели дека САД потрошиле милијарда долари за да ја срушат власта во Украина.

"Притоа таа земја и понатаму има намера да се приклучи кон НАТО. Сите знаат дека Русија нема да чека воената база на Крим да најде своја територија во НАТО", објаснува германската пратеничка.

Вагенкарт исто така ги критикуваше и зголемените трошоци на Бундесверт со највисоко темпо од Студената војна. Според неа, зголемувањето на трошоците за германската армија не се поврзани со заштитата на татковината, туку со потребата да се спроведуваат операции во странство.

"Ние ја доведуваме Германија во опасност кога учествуваме во војните за нафта и гас кои се контрадикторни на меѓународното право", вели таа.

Германските бизнисмени и многу политичари повеќе пати ја критикувале власта поради премногу острата политика со Русија, истакнувајќи дека Германија губи поради ваквите потези. Приближната штета од санкцијата на Русија се проценува на околу милијарда и пол долари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг