Вашето тело реагира на вашите постапки - 7 неверојатни причини зошто постојано чувствувате дефицит на енергија

Точка

19/05/2018

22:03

6.614

Големина на фонт

а а а

Глобализацијата на светот, рапидниот пораст на обврските, темпото на живот, знаат да бидат значителни фактори кои што влијаат на тоа како се чувствувате. Чувството на умор понатаму го отвара синџирот на проблеми меѓу кои се категоризираат импотентноста, фригидноста, демотивираноста, депресијата, непродуктивноста и слично. Честото миење на рацете, редовниот сон, избегнувањето на презаситени масти може да ви помогнат да го надминете овој проблем.

Доколку сакате да постигнете напредок најпрвин морате да покренете иницијатива и да се придвижите кон вашата зацртана цел. Со превземање контрола врз вашето живеење, со сигурност ќе го елиминирате чувството на умор.

За наше задоволство, а за ваша корист, денес ви издвојуваме 7 фактори кои што влијаат врз вашето чувство на умор:  

1. Недостаток на сон


За време на спиењето се активира хормонот за раст. Овој хормон, протеин направен од страна на хипофизата, игра улога во изградбата на мускулите да бидат здрави, а коските силни. Тоа влијае на тоа како нашите тела собираат масти (особено околу желудникот) и помага да се балансира односот на добар со лош холестерол. Исто така спиењето е неопходно за нормална функција на мозокот. 

2. Консумирање на нездрава храна

Голем процент од луѓето верува дека шеќерот влијае за зголемување на чувството на енергија, но на долг рок се случува токму спротивното. Истиот негативен ефект го има и  брзата храна. Доколку ви е поребен водич за здрава исхрана проследете една од нашите колумни која се надоврзува на оваа тема.


3. Дефицит на вода во организмот


Пијте колку што е потребно вода за да ја задржите устата влажна во текот на денот. Запомнете, вашата урина треба да има светло жолта боја, доколку нејзината боја е темно жолта или пресветла сѐ што треба да направите, е да пиете повеќе вода.

4. Недостаток на витамин Б 

На вашето тело му е потребен витаминот Б за вашите митохондрии да ја претворат гликозата во енергија. Витаминот Б може да се апсорбира и преку апчиња, но големот дел од луѓето не го внесуваат овој витамин преку исхраната. Ако имате симптоми со ниска енергија веднаш проверете ги нивоата на витамин Б12 и Д. За да чувствувате определена здравствена сигурност проверувајте го нивното ниво во вашето тело, барем еднаш годишно.


5. Инфекција

Една од вашите цели може да биде да го следите вашето тело, па инфекциите нема да се задржуваат. Користете антибиотици за лекување на простатитис, вагинитис и цревни инфекции.

6. Потребна е физичка активност

Кога ќе се движите, азотен оксид се ослободува од артериските облоги за да се овозможи крвта слободно да се движи низ вашите садови. Ова помага да добиете повеќе хранливи материи во вашите клетки.


Така што доколку немате време за определена спортска активност, одвојте барем половина час од вашето слободно време за пешачење. Телото реагира соодветно на вашите постапки и наредби кои што секојдневно му ги исопраќате. Ако му кажете на вашето тело дека сѐ почесто треба да имате брза утринска прошетка, тоа ќе реагира така што ќе ви ја даде потребната енергија за да го направите токму тоа што сте му го наредиле.

7. Лоша хормонска регулација

Што се однесува до надбубрежните хормони, применете го овој мал тест: Кога сте гладни, дали брзо се префрлате на чувство на нервоза и лакомост, дека ако не јадете, ќе извршите кривично дело? ова е знак дека вашите надбубрежни жлезди не функционираат најдобро.



Спонзорирани линкови

Маркетинг