Интервју со Андреј Штих, претседател на Groupauto Adria (GA Adria).
Пазарот е преплавен со автоделови од разни делови од светот, дел од нив и со сомнителен квалитет. Со разни квази сервиси и квази авто професионалци, кои се конкурентни само по еден критериум, цена. Токму тоа е мотивот за организација на овој саем за автоделови, да покажеме дека на долг рок секогаш е подобра опција да се оди на овластен реномиран сервис, и да се употребуваат делови со проверен квалитет. Организатор и носител на настанот е реномираниот авто сервиси, Мега Ауто Партс, компанија која истовремено слави и 20 годишен јубилеј, и која веќе две децении обезбедува квалитетни и професионални авто услуги на македонските компании.
На саемот ќе изложуваат светски познати компании. За посетителите тоа е ретка можност да се запознаат со трендовите во авто индустријата на делови.
Се претставија 16 производители. Сите претставуваат компании кои произведуваат автоделови од највисок квалитет, и тоа оригинални автоделови или делови еднакви на оригиналниот квалитет.
Без разлика какво возило имаме, од најголемо до најмало, од најскапо до најевтино, од ново до старо, сите сакаме да имаме удобно, безбедно и економски ефикасно возење. Со цел да го постигнеме тоа, потребно е редовно да ги сервисираме возилата со квалитетни производи кај квалитетни сервисери. Квалитетни производи во Македонија се нудат преку GA Adria членовите.
На тоа прашање не може да се даде едноставен договор. Тешко е да се дојде до такви податоци и од држава до држава има значајни разлики. Но, едно е секаде исто. Како што веќе напоменав, сите се стремиме кон повисоко ниво на безбедност, удбобност и заштеда на трошоците. Со глобализацијата, интернетот станува алатка за информирање на сите и насекаде, токму затоа дистрибутерите и сервисерите мора да обрнат поголемо внимание на постојано стручно надоградување на своите кадри, да вложат повеќе средства во развој на услугите и да инвестираат во нова технолошка опрема и програма.
Иднината е во квалитетните производи и квалитетните услуги, по најниска можна цена. Цените нема да ги споредуваме веќе само на локално ниво, туку глобално. Затоа ќе биде неопходно да се постигне поврзување на дистрибутерите на повеќе нивоа на дистрибуција. На тој начин, се поврзуваат повеќе производители, повеќе дистрибутери и повеќе сервисери. Така се повеќе ќе се намалува разликата помеѓу оригинални и неоригнални сервисери. Одлуката, на кој сервис ќе се поправа возилото ќе биде препуштена на сопственикот.
GAI е скратеница за Groupauto International. GAI е меѓународна организација, која ги обединува дистрибутерите на автоделови за посебни и товарни возила во 54 држави. GAI годишно остварува повеќе од 12 милијарди евра промет. Од друга страна GAI им обезбедува на своите членови и континуиран пристап до сервисните концепти.
Сите дистрибутери кои членуваат во GAI групацијата, добија пристап до 49 најголеми светски производители. Сите компании, дури и најмладите ченови на групацијата, добија многу поголема сила во преговорите со добавувачите.
Иднината е во поврзувањето и соработката на сличните компании и токму тоа го пружа GAI. Со тоа се обезбедува додадена вредност на добавувачите, дистрибутерите, придонесувајќи со тоа кон поквалитетна понуда на корисниците на сите видови автомобили и возила.