За оваа венчаница фантазирало речиси секое девојче кое сонувало за својот принц

Точка

19/05/2018

17:02

9.669

Големина на фонт

а а а

Меган Маркл за најважниот ден во својот живот избрала венчаница со потпис на француската куќа Живанши. Медиумите одамна шпекулираа колку изнесува фустанот, а се претпоставува дека за него се издвоени помеѓу 420 и 510 илјади евра.

Американската актерка пристигнала во венчаница со долг вел, која ја креирала познатата дизајнерка Клер Вајт Келер. 

Долгиот вел ја држел дијамантската тијара на кралицата Мери која е направена во Англија во 1932 година.


Венчаницата претставува минимална и безвременска елеганција. Чистите линии на фустанот се постигнати со користење на шест прецизно поставени шавови.

Фустанот има “чамец деколте” кој грациозно ги откривал нејзините рамена, а кројот го нагласил струкот на Маркл. Ракавите давале модерна нота на целиот изглед.

По обемните истражувања на дизајнерката, била произведена екслузивна двојна свила која ѝ дала мек сјај на целата венчаница, а чисто белата боја – доза на модерност.


Велот кој го носела Меган на венчавката претставува карактеристична флора на секоја земја на Комонвелтот, соединети во една спектакуларна цветна композиција.

Прекрасниот вел е долг пет метри и е направен од свилен тил со рачно везени цвеќиња.

Секој цвет е рачно изработен, а на работниците им биле потребни стотина часови за шиење на фустанот. Тие ги миеле своите раце на секои 30 минути со цел тилот и конецот да останат чисти.

Тијарата е направена од дијаманти и платина со единаесет секции кои ги красат големи и мали дијаманти.


Меган Маркл го надополнила изгледот со обетки и нараквица со потпис на Картиер. Под венчаницата, невестата носела свилени Живанши чевли.

Вајт Келер минатата година стана првиот женски директор на познатата модна куќа Живанши.




Спонзорирани линкови

Маркетинг