Роналдо објавил фотографија со својата девојка, деталите на ѕидот поттикнале коментари: “Навистина се сакаш себеси”

Точка

19/05/2018

16:08

13.883

Големина на фонт

а а а

Кристијано Роналдо ги развеселил обожавателите на Инстаграм со романтична фотографија од него и неговата партнерка Џорџина.

“Мир и љубов”, напишал под описот на фотографијата на која тој и Џорџина се прегрнати, а тој нежно ја бакнува во образ. Фотографијата за половина час “собрала” речиси еден и пол милион лајкови, но некои ги забележале и деталите во позадината. 

Позади нив на ѕидот се гледаат натписите “склад”, “љубов” и “вредност” како и четири фотографии. На две од нив Роналдо е во преден план, а на другите две се Роналдо, Џорџина и најстариот син Кристијано Џуниор.

“Овој лик навистина се сака себеси”, “Немал чија фотографија да ја закачи на ѕид освен неговата”, коментирале неговите следбеници, истакнувајќи дека познатиот фудбалер има нарцисоиден карактер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг