Замена за антипреспирант: Пробајте ги овие природни препарати против потење

Точка

19/05/2018

16:06

6.067

Големина на фонт

а а а

Доколку антипреспирантите не Ви помогнуваат во борбата со непријатниот мирис под пазувите и константното потење, тогаш пробајте ги овие природни намирници. Решението се крие во природата, а ние ќе Ви откриеме три начини како да го спречите претераното потење.

Лимон 


Не е тајна дека дамите во минатото употребувале препарати добиени од природата, а во нивната нега за убавина бил вклучен и лимонот. Покрај тоа што се употребува за осветлување на косата, жените го користеле и за чистење на пазувите, бидејќи има силни антимикробни својства. Секако, не мора да чувате парче лимон под пазувите, туку можете само тој дел да го премачкате со лимоновиот сок.

Пудра


Иако не може да се каже дека бебешката пудра е сосема природна, но овој препарат дава одлични резултати и бидете сигурни дека нема да Ви се направи никаква иритација. Пудрата ќе ја апсорбира целата влага и ќе ги отстрани непријатните миризби.

Киселина


Слично како кај лимонот, со киселина премачкајте ги пазувите и ќе забележите како во истиот момент ќе исчезнат сите непријатни миризби.



Спонзорирани линкови

Маркетинг