На венчавката на принцот Хари и Меган Маркл се повикани бројни гости, а помеѓу нив има и многу познати личности. Сепак вниманието на јавноста го привлекоа две поранешни девојки на принцот.
Во фустан со весели бои на венчавката пристигнала Кресида Бонас – манекенка која се забавувала со принцот од 2012 до 2014 година.
Помеѓу гостите се најде и Челси Дејви. Со неа принцот бил во љубовна врска од 2004 до 2010 година.